Радуловиќ: Покажавме карактер денеска, но тоа не беше доволно

фото: druga.aba-liga.com

Кошаркарите на МЗТ Скопје се елиминирани во четвртифиналето на плеј-офот во АБА2 лигата од екипата на Младост Земун. „Металците“ во вториот натпревар славеа со 92:86, но тоа не беше доволно бидејќи првата средба заврши со убедлив пораз од 75:95.
Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ смета дека лошиот почеток на денешната средба ги уништи надежите за евентуален пресврт.
– Лошо го започнавме натпреварот и мислам дека тука ни завршија надежите и шансите за евентуален камбек на овој двомеч. Примивме многу поени во првата четвртина, додека во втората се вративме со добра одбрана, меѓутоа немавме направено некоја осетна предност, која ќе ни донесеше надеж за чудо. Денеска покажавме карактер за да се вратиме и да покажеме дека тоа пред два дена не беше вистинското лице на МЗТ Скопје, но тоа не беше доволно – изјави тренерот на МЗТ Скопке, Дарко Радуловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот