Радовишанец обљубил малолетно девојче

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”.

Основното јавно обвинителство Струмица донело наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”.

Како што денеска соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, постои сомнение дека осомничениот 26-годишник од Радовиш извршил обљуба врз малолетничка.

– Јавен обвинител веќе извршил разговор со осомничениот, кој не го негира сторувањето на делото. Во насока на обезбедување докази, надлежниот обвинител издаде и наредби за вештачења на траги, разговори со сведоци, како и за психијатриски вештачења на осомничениот и на оштетената, се наведува во соопштението.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица јавниот обвинител поднел предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, обврска да се јавува повремено во Судот, како и забрана за приближување и остварување контакти со жртвата.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот