Радовиќ останува во Е. Пелистер и следната сезона

фото: Е: пелистер

Црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Еурофарм Пелистер откако денеска стави параф на договорот. Радовиќ веќе две и пол сезони настапува за Е. Пелистер, а во Битола дојде до тимот на Ловќен.
– Тука сум веќе две и пол години и на обострано задоволство дојде до продолжување на соработката. Се договоривме спонтано, а така е некако најубаво. Сакам да се заблагодарам на цел град, посебно на „Чкембарите“. Тоа што го доживеав во последниот еден месец не го сонував и во најлудите сништа. Полно ми е срцето и сакам да им се заблагодарам на навивачите и на сите луѓе низ град кои ме поздравуваат и ме бодрат. Битола е моја втор дом и луѓето направија да се чувствувам на секој чекор како дома. Секој ден клубот расте и се гледаат тие чекори. Недостигаа трофеите, останува жал за пропуштеното. Титулите се решаваа во само неколку голови. Ќе видиме следната сезона, кога ќе биде полна салата ќе биде поинаква приказна. Знаеме што значат навивачите, цел град и симпатизерите во „Боро Чурлевски“. Нема збор околу тоа – вели Радовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот