Радовиќ од Еурофарм Работник со најдобриот гол на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

фото:рк еурофарм работник

Еурофарм Работник ја запиша втората победа во Лигата на шампионите откако во Битола го совлада Савехоф со 32:31.

Во дуел со многу осцилации, следеше драматична завршница во која овојпат играчите на тренерот Стевче Алушовски ја имаа среќата.

Херој на битолската екипа беше црногорскиот интернационалец Мирко Радовиќ кој во последната секунда го постигна победничкиот гол за триумф.

Токму овој погодок во салата „Боро Чурлевски“ беше и прогласен за најдобар на колото во Лигата на шампионите во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Македонскиот ракометен клуб со две победи се наоѓа на петтото место во групата Ц. В среда навечер нашиот претставник ќе му гостува на Кокс во Финска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот