Радоста на младата невеста ја прекина ужасната експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Од престолнината на Либан постојано пристигнуваат морничави снимки и фотографии после експлозијата која вчера одекна во центарот на Бејрут.

На една од снимките се гледа како несреќата го прекинала фотографирањето на една млада невеста.

Всушност, на снимката се гледа како невестата се фотографира после венчавката. На нејзиното лице има насмевка, додека во позадина се слуша музика.

Наеднаш се слуша страшен звук и се дига прашина, а нејзиниот фустан и букетот буквално одлетуваат, камерата се врти и го прикажува димот и разрушените работи од силната детонација.

На снимката потоа ги гледаме невестата и младоженецот како трчаат да се скријат подалеку од улицата кадешто има дим и урнатини.

Експлозијата се случи во Бејрут, а иако се уште не се знае што точно ја предизвикало, сомнежите се дека е примерок од натриум нитрат, кој небезбедно се чувал на местото.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Според последните податоци, починале најмалку 100 луѓе, а повредени се повеќе од 4 илјади.

Бројките се уште растат.

Бизарни коинциденции: Дали Симпсонови уште еднаш ја предвидоа иднината, овојпат катастрофалната експлозија во Бејрут? (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот