Радост меѓу припадниците на кралската морнарица, кралицата Елизабета го посети носачот на авиони именуван по неа

epa09220208 A handout picture provided by the British Ministry of Defence (MoD) shows Britain's Queen Elizabeth II. (R) meeting members of the United States Marine Corps and the Arleigh Burke-class Aegis guided missile destroyer 'USS The Sullivans', as she visited the Royal Navy aircraft carrier 'HMS Queen Elizabeth' in Portsmouth, Britain, 22 May 2021, just hours before the UK Carrier Strike Group sailed for its first operational deployment. During the 45 minute visit, Her Majesty spoke to a selection of British and American sailors, aviators and marines. The Strike Group, that along with Royal Navy vessels includes ships from the United States Navy, The Dutch Navy, and Marines from the US Marine Corps, will operate and exercise with other Countries Navies and Air Forces during the seven month deployment. EPA-EFE/Jay Allen/Royal Navy/MOD/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британската кралица Елизабета го посети новиот носач на авиони, именуван во нејзина чест, кој ќе ја предводи флотата бродови на Кралската морнарица кон азиските води на нивното прво оперативно патување.

Кралицата (95) се качи на бродот „Кралица Елизабета” во Портсмут, седум години откако го именуваше бродот заедно со нејзиниот покоен сопруг принцот Филип, кој почина минатиот месец.

Фото: EPA-EFE/Unaisi Luke/Royal Navy/MOD/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бродот „Кралица Елизабета” е тежок 65.000 тони и ќе превезува осум британски борбени авиони Ф-35Б и 10 американски Ф-35, како и 250 американски маринци во состав на екипаж од 1.700 луѓе.

Фото: EPA-EFE/Unaisi Luke/Royal Navy/MOD/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

На патот долг 26.000 наутички милји во текот на 28 недели, тој ќе ја предводи флотилата заедно со два разорувачи, две фрегати, подморница и два брода за поддршка. На групата ќе и се придружат американски разорувач и фрегата на холандската морнарица.

Фото: EPA-EFE/Unaisi Luke/Royal Navy/MOD/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Групата ќе плови по спорните води на Јужното Кинеско Море, за чии делови и Кина и земјите од Југоисточна Азија тврдат дека се нивни, на патот кон Филипинското Море. Бродовите ќе застанат и во Индија и во Сингапур.

Видео на денот