Радев: Зголемениот бизнис интерес кон Иницијативата на трите мориња е доказ за потенцијалот на Балканот

Румен Радев/ Фото: МИА

 Претседателот на Бугарија, Румен Радев на меѓународната конференција, посветена на можностите за финансирање на Инвестицискиот фонд на Иницијативата на трите мориња, истакна Иницијативата создава можност за економска раст, поврзување на земјите, социјална и економска кохезија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека интересот за Иницијативата на трите мориња кај различни земји низ светот, што е показател за големиот потенцијал на регионот.

– Бугарија гледа подалеку од географските и временските ограничувања во регионот за да најде интелигентен развој на проектите во Иницијативата. Мора да се бараат нови можности за напредок на Балканот, поради што Бугарија ја покани Грција како гостин на Самитот на трите мориња, на кој Бугарија ќе биде домаќин оваа година. Потребно е целосно да се обезбеди поврзување на линијата север-југ, а важните транспортни, енергетски и дигитални врски минуваат преку границата на Бугарија со Грција посочи Радев образлагајќи ги приоритетите на бугарското претседателство со Иницијативата за три мориња.

Тој како еден од приоритетите ја наведе и поврзаност во областа на науката, образованието, технологијата и иновациите.

Радев ја посочи и важноста за зајакнување на односите на Иницијативата со нејзините стратешки партнери – САД, Европска комисија и Германија.

Во Иницијативата на трите мориња учествуваат 12 земји кои се наоѓаат помеѓу Балтичко, Црно и Јадранско Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот