Радев за пукањето во Охрид: Вандалски чин на агресија

Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD

Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш ја предупреди Македонија дека патот кон Европската Унија води преку признавањето на правата на македонските Бугари.

„Државното раководство на Република Северна Македонија и целото општество кај нашиот сосед треба да разберат дека патот кон Европската Унија води преку признавање и почитување на правата на македонските Бугари и на нашето културно-историско наследство“, порача Радев од Враца, коментирајќи го пукањето врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Според него, како што објавуваат бугарските медиуми, ова е единстевниот начин граѓаните на Северна Македонија да одат по патот, за кој што многу пати се изјасниле дека сакаат да го поминат.

Радев уште коментираше дека се работи за недозволив вандалски чин на агресија која со децении им се подметнува на Бугарија и Бугарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот