Радев: Во втората половина на јуни се очекува напредок за преговорите за членство на Северна Македонија

Румен Радев/ Фото: МИА

Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

– Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно, изјави Радев.

Според бугарскиот претседател, како што јави БГНЕС, политичкото раководство на земјава „треба да се стимулира да бара дијалог” со Бугарија.

– Да, поддршката на ЕУ е важна, но најважна е поддршката на Бугарија, а за да се случи тоа, треба да седнеме мирно и искрено на масата и да ги прецизираме сите проблеми меѓу нас и како да бидат решени. Ние сакаме да видиме одржлив и неповратен процес, а не само декларации, додаде Радев.

Во врска со неговата претстојната посета на Рим, каде ќе патува заедно со македонскиот претседател Стево Пендароваски, Радев истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот