Радев со сочувство до Пендаровски: Десетиците изгубени животи се непрежалена загуба за нашите братски земји

Румен Радев и Стево Пендаровски / Фото: Архива на Слободен печат

Шефот на бугарската држава, Румен Радев, утринава му изрази сочувство на својот колега, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која автобус со македонски регистерски таблички доживеа несреќа во која загинаа неколку десетици патници.

Во име на бугарскиот народ и во свое име, претседателот Румен Радев изрази искрено сочувство до семејствата и роднините на загинатите граѓани на Република Северна Македонија, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите од катастрофата.

– Во ова тешко време, Бугарија и Република Северна Македонија делат заедничка тага, солидарност и емпатија. Десетиците изгубени животи се непростлива загуба за нашите братски земји, се наведува во сочуството на бугарскиот претседател  Радев.

Шефот на бугарската држава ги повикува одговорните институции да ги утврдат причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа, како и да им дадат навремена поддршка на преживеаните во несреќата.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот