Радев повика на смирување на страстите, да не се интегрира билатералниот проблем во ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев се осврна на актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија и нагласи дека Бугарија мора да се согласи да започне преговори со Македонија откако ќе бидат признати објективните историски факти и процесот на искоренување на говорот на омраза ќе стане одржлив и неповратен.

Радев, пренесува вести.бг, истакнал дека владата со години дава великодушни ветувања за безрезервна поддршка на Република Северна Македонија.

„Го гледаме резултатот денес, премногу доцна владата се сети дека треба да го штити националниот интерес“, рече претседателот.

Според него, би било голема грешка ако премиерите Борисов и Заев играат „некаков театар“ и потпишат декларација за желби, како што е договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за реализација.

Имаме најголема желба нашите пријатели од Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и затоа мора сега да почекаме да се смират страстите. Ние мора да се вооружиме со трпеливост за отворен, мирен разговор, за да можеме јасно да ги видиме позициите на обете страни и да не бидеме во искушение да имитираме триумф со брзи одлуки, рече Радев.

– Додека зад оваа фасада,  продолжуваат да гнијат проблемите на режимот на Тито и неговата идеологија, Бугарија, не успеа да ги вклучи нашите барања во рамката за преговори, и мора да се согласи да започне преговори, откако ќе се признаат објективните историски факти и кога ќе се изврши процесот на искоренување на јазикот на омраза, и искоренувањето на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане одржливо и неповратно, категоричен е бугарскиот претседател.

Според него, спротивното би значело интегрирање на проблемите во Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот