Радев од Германија: Нема да дозволиме легитимација на македонизмот во Европа

EPA-EFE/FILIP SINGER

Бугарскиот претседател Румен Радев од Берлин уште еднаш сигнализираше дека Софија нема намера да отстапи од ветото за Северна Македонија во ЕУ. По средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин во понеделникот, Радев на брифинг со бугарските новинари соопшти дека позицијата на Софија наишла на разбирање од неговите германски соговорници.

„Исклучително сум задоволен од разбирањето на кое наиде аргументираната бугарска позиција во врска со Северна Македонија. Во ситуација кога работиме за заедничката европска позиција и за европските институции не треба да дозволиме нашата национална позиција за Северна Македонија да стане заложник на конфликтот во Украина и оваа тенденција да се засилува”, изјави Радев.

Од германска страна немаше изјави по средбите со Радев – ниту од претседателот Штајнмајер, ниту од канцеларот Шолц.

Радев порача дека Бугарија „како одговорен член на ЕУ треба да работи на тоа да интегрира партнери, а не проблеми”.

„Тоа е во интерес на долгорочната перспектива за стабилноста на ЕУ.”

Во тој контекст, Радев смета дека почетокот на преговорите на Северна Македонија во ЕУ би било напуштање на европските принципи.

„Неверојатно е како, Европа, која се изгради како пример за останатиот свет во однос на демократијата и човековите права, во толерирањето на јазикот на омразата, е подготвена да им сврти грб на тие принципи и вредности. Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот, на идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, да најдат место во ЕУ“, порача Радев од Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот