Радев од Брисел побара солидарност од ЕУ

Фото: МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев се обрати кусо за медиумите пред почетокот на самитот на ЕУ и повика на солидарност, но не прецизираше на која тема.

Бугарскиот претседател Румен Радев се обрати кусо за медиумите пред почетокот на самитот на ЕУ и повика на солидарност, но не прецизираше на која тема, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како и повеќето други лидери, бугарскиот претседател застана да се обрати пред камерите пред почетокот на средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ и упати изјава во која побара солидарност од ЕУ.

-Ова е многу важна средба за сите земји членки и за иднината на ЕУ, имаме огромни предизвици пред нас и треба да го најдеме најважното: балансот, и во сите фактори што влијаат врз развојот на иднината потребна ни е солидарност и да се земат предвид проблемите на секоја земја членка, изјави Радев.

Нејасно е на што се однесува оваа изјава и дали Бугарија планира да ја отвори темата вечерва во Брисел со другите земји членки на ЕУ за преговорите со Република Северна Македонија.

Денешниот ЕУ самит е посветен на Белорусија во најголем дел, додека утре на маса се Блискиот исток, Брегзит и Ковид-19.

Радев вечерва ќе оствари билатерална средба и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот