Радев: Нема потреба од посредници во дијалогот со Северна Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека нема потреба од посредништво во дијалогот помеѓу Македонија и Бугарија. Тој нагласи дека разговорите треба да се водат директно со Европската комисија, со оглед на важноста на прифатената Преговорачка рамка за земјава.
Коментарите на Радев доаѓаат по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази подготвеност за преговори со бугарскиот претседател, но и по неодамнешната понуда на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредништво во спорот. Радев посочи дека преговорите меѓу двете земји завршиле во јули 2022 година, кога беше потпишан билатералниот протокол за Договорот за добрососедство.
Според бугарскиот претседател, дијалогот треба да се фокусира на исполнување на барањата поставени од Европската Унија, а Бугарија е подготвена да помогне во тој процес.
Тој рече дека Бугарија „има одговорност да ѝ помогне на Северна Македонија да ги исполни условите од двостраниот протокол и Преговарачката рамка, за да може земјата да продолжи по европскиот пат“.
Радев заклучи дека „работите се јасни и дека е важно С. Македонија да се фокусира на почитување на европските стандарди и барања“.