Радев му се пожали на Макрон: Во Македонија се води антибугарска кампања, нема политичка волја за уставни измени

Радев и Макрон: Фото/Труд.бг

Институциите во Република Северна Македонија треба да покажат со резултати дека навистина се стремат кон европска интеграција, порачал бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претседателот на Франција, Емануел Макрон во Брисел.

– Последната антибугарска кампања во РСМ доведе до редица престапи од омраза, палење и пукање врз бугарски културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари и го покрева поставува прашањето за улогата и одговорноста на институциите во земјата, изјавил Радев.

Како што објавуваат бугарските медиуми, Радев потсетил дека како Бугарија, така и Северна Македонија ги прифатиле предлозите од преговарачката рамка на француското претседателство со Советот на ЕУ, како што е впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав како задолжителен чекор пред почетокот на преговорите со ЕУ.

– Гледаме дека нема политичка волја за реформи и промена на уставот, а наместо тоа во државата се води антибугарска кампања, кажал Радев.

На средбата, исто така се зборувало за билатералните односи меѓу Бугарија и Франција, како и за влезот на Бугарија во Шенген и во еврозоната.

На средбите во Брисел, Радев освен за односите со Македонија и барањето мониторинг за почитување на правата на Бугарите во земјава, говорел и за енергетската состојба од аспект на односите со Русија. Според него, Бугарија е подготвена да стави и друго вето ако Европската Унија изгласа нов пакет санкции за Русија што се однесуваат на нуклеарнорто гориво.

– Не можеме да прифатиме санкции за нуклеарната енергија на Русија, зашто тоа ќе влијае на нашата. Ако се предложат, ќе ставам вето, изјавил Радев.

Инаку, во моментов двата реактора на централата „Козлодуј“ користат само руско гориво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот