Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени

Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD

Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседател РФуимен Радев при неговата посета на Велико Трново, јави дописникот на МИА од Софија.

Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани.

– Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван Гешев се во одбрана на законот, а одлуката на Високиот судски совет да не го отстрани од функцијата е да се заштити статус кво-то, што беше одбиено од бугарскиот граѓани, рече Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот