Радев: Ја поддржуваме Македонија, но не безусловно - Слободен печат

Радев: Ја поддржуваме Македонија, но не безусловно

Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија.

Радев, како што пренесуваат бугарските медиуми,  кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото.

– Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии – вели Радев.

Според него, ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи.

– Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите – истакнал Радев.

Румен Радев најавил дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.

Прочитај повеќе

Во Црна Гора најмногу инвестирале Азербејџанци, Руси и Унгарци

Слободен печат

Петровска: Времето кога полицијата тепаше студенти е минато

Слободен печат

Малезија нема да дозволи да се претвори во светска депонија

Слободен печат

Основачот на СЕФ: Иако во изминатите 50 години е постигнат голем напредок, во светот владее претеран песимизам

Слободен печат

Нови дојави за бомби затворија над 100 училишта и трговски центри во Москва

Слободен печат

Напаѓач отвори оган пред ноќен клуб во Канзас Сити: Двајца загинати, 15 повредени

Слободен печат

Остави Коментар

seven − 1 =

Прочитај повеќе

Либија драстично го намалува производството на нафта

Слободен печат

Ангелов: МВР нема да може да биде злоупотребено, но ќе биде користено за да се покаже дека нешто не функцонира

Слободен печат

Случајот „Рекет“ одложен поради отсуство на адвокатите на Катица Јанева

Горан Наумовски

Прва седица на Претседателството на новото косовско Собрание

Слободен печат

Казна од 50 милиони евра за „Гугл“ за кршење на правилата за заштита на личните податоци

Слободен печат

Силната бура не може да ги запре пожарите во Австралија

Слободен печат