Радев: Ја поддржуваме европската интеграција на Северна Македонија

Румен Радев/ Фото: МИА

Претседателот на Бугарија Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од претседателот на Европарламентот, Сасоли.

Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија, со фокус на политиката на проширување.

Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија. Румен Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот