Радев и Макрон во Стразбур разговараат за европската интеграција на Северна Македонија

Румен Радев и Емануел Макрон
Румен Радев и Емануел Макрон / Фото: МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев разговара во Стразбур со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти прес-службата на претседателот на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие разговарале за прашањата поврзани меѓу Бугарија и Франција, за влезот на Бугарија во Шенген, како и за европската перспектива на Република Северна Македонија.

Румен Радев на средбата истакнал дека Бугарија ги исполнила техничките критериуми за членство во Шенген уште во 2011 година и дека очекува тоа да биде признато од нејзините европски партнери.

Претседателот на Франција Емануел Макрон изразил принципиелна поддршка за позицијата на Бугарија.

Радев посочил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Република Северна Македонија, што ќе гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права и прекин на говорот на омраза.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот