Радев: Граѓаните мора да живеат со чувство дека полицијата ја гарантира нивната безбедност, а не дека е орган за репресија врз нив

Румен Радев/ Фото: МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев го осуди насилството врз полицијата, но и однесувањето на полицијата кон граѓаните, јави агенцијата БГНЕС.

– Категорично го осудувам насилството врз полицијата, но исто така не се согласувам со тоа што полицијата тепа незаштитени бугарски граѓани. Ова нанесе сериозен удар врз моралните основи на општеството, изјави Радев на состанокот со претставници на раководството на Министерството за внатрешни работи и службите.

Тема на состанокот беше ескалацијата на тензиите за време на протестите во главниот град на 2 септември, кога беа повредени многу полицајци и граѓани.

– Од овие активности на Министерството за внатрешни работи е исклучително важно како ќе се развива нашето општество. Дали ќе продолжиме во насока на демократија или по некој друг пат? Но, ова бара доверба, добра комуникација со бугарските граѓани, рече Радев.

Тој смета дека треба да се казнуваат оние полицајци кои го нарушуваат угледот на полицијата.

– Доколку тоа не се случи, имиџот на целата полиција ќе биде нарушен поради ваквите поединци. Правда мора да има и општеството мора да верува. Бугарските граѓани мора да живеат со чувство дека полицијата ја гарантира нивната безбедност, а не дека е орган за репресија врз нив, истакна Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот