Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска Влада со „Има таков народ“

Румен Радев/ Фото: МИА

Бугарскиот претседател, Румен Радев, на почетокот на консултациите со партијата што победи на парламентарните избори „Има таков народ” ја поздравува нивната одлука за отворање дијалог со другите партии.

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека треба да се продолжи со процесот на зајакнување на државноста и обезбедување стабилна предвидлива правна рамка за економијата, за важните социјални прашања, за нерешавање на итните прашања, како и за ребаланс на буџетот на Бугарија, јавува МИА.

Заменик претседателот на „Има таков народ”, Ташко Јорданов, изјави дека неговата партија ќе предложи влада.

-Сите сфаќаме дека наша е одговорноста како победници на парламентарните избори. Претседателот Трифонов веднаш, следниот ден по изборите, рече дека сме свесни за оваа одговорност и ќе ја преземеме со јасна свест за тоа што се бара од нас. Свесни сме дека ние мора да се обидеме да направиме кабинет и Националното собрание да работи, рече Јорданов.

Тој изрази надеж дека доколку политичките субјекти надминат некои свои партиски интрси и делови од програмите, што не се во согласност со оние на другите, тие ќе можат да формираат доволно стабилно парламентарно мнозинство за да ја изберат новата влада на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот