Радев: Ердоган има амбиции да учествува во бугарската политика

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција. / Фото: Профимедиа

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има амбиции да учествува во политичкиот живот во Бугарија.

Тој тоа го рекол по повод видео обраќањето на Ердоган на онлајн Националната конференција Движење за права и слобода (МРФ).

Радев на радио Дарик рекол дека во обраќањето Ердоган „ги признава амбициите да учествува во политичкиот живот на Бугарија и дека тоа е недозволиво“. Бугарскиот шеф на државата тврдеше дека премиерот Бојко Борисов, кој е близок личен пријател на Ердоган, е канал на тоа влијание, пренесува бугарската агенција БТА.

По мислењето на Радев, обраќањето на Ердоган ја носи во прашање репутацијата на МРФ како национално одговорна политичка сила.

„Турција е пријател, партнер, сојузник и би сакал ова да не влијае на нашите односи. Се надевам дека нема да се вратиме на односите од март 2017 година, кога турските власти отворено беа вмешани во нашиот изборен процес, се надевам дека Турција нема да се меша и во оваа предизборна кампања“, рекол бугарскиот шеф на државата за Дарик Радио.

Ердоган во своето обраќање говореше за добрососедските односи на двете земји и му честиташе на кабинетот на Борисов за напорите да се избори со здравствената криза.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот