Радев до крајот неделата ќе соопшти кога ќе го свика новиот парламентарен состав

Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD

Бугарскиот претседател Румен Радев до крајот на оваа недела ќе соопшти кога ќе го свика 47-то Народно собрание.

-Пред парламентарните партии се две важни задачи – формирање влада врз основа на стабилно парламентарно мнозинство и усвојување на државниот буџет. Овие задачи бараат многу добар баланс, време за дијалог и приближување на позициите, изјави Радев пред новинарите. Тој посочи дека до крајот на неделава, во поглед на овие два приоритета, ќе соопшти кога ќе го свика новиот парламентарен состав.

Претседателот Радев повторно изрази сочувство за трагичните инциденти во домот за стари лица во село Ројак и автобуската несреќа на автопатот „Струма”. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија и заедно жалиме во оваа трагедија, се надеваме дека преживеаните ќе закрепнат што е можно поскоро, рече Радев.

Тој рече дека бугарската држава прави се што е потребно за да се обезбеди медицинска помош и да се откријат причините за овие два сериозни инцидента. Претседателот денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и се сретна со премиерот Зоран Заев. Претседателот Радев на средбата со Заев посочи дека Република Северна Македонија може да се потпре на Бугарија, како и во сите кризи досега.

Претседателот Радев во Софија присуствуваше на завршниот состанок на Сесијата на Комитетот на ополномоштени претставници на земјите-членки на Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања во Дубна, Русија. Домаќин годинава на сесијата е Бугарија, а 2021 година е прогласена за година на нашата земја на Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот