Радев денес ќе го врачи мандатот на „Има таков народ” за формирање влада

Румен Радев Rumen Radev
Румен Радев / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека мандатот за формирање влада ќе го предаде на политичката партија „Има таков народ” денеска во 17.00 часот по локално време.

Радев изјави дека им дал време на бугарските парламентарни партии, но може да се види дека конструктивниот дијалог се распаѓа, јави дописникот на МИА од Софија. Наместо дијалог во оваа ситуација, постои размена на напади кон техничките министри, кои до неодамна беа поканети да останат во редовната влада.

Според претседателот Радев, Бугарија се соочува со предизвици за кои е потребено што побрзо  да има редовна влада и време е бугарските граѓани да знаат кој е кандидатот за премиер и кои се вистинските намери на победникот од изборите од 11 јули, партијата „Има таков народ”.

Видео на денот