Радев: Членството на Северна Македонија во НАТО не е закана за никого

EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Членството на Република Северна Македонија во НАТО не може да биде извор на опасност за никого. Напротив, тоа ќе придонесе за поголема безбедност на регионот, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

Тој ја смета за погрешна парадигмата според која безбедноста на една земја се осигурува за сметка на безбедноста на друга држава.

– Оваа формула води до нестабилност и недоверба и создава ризици. Членството на земјите од Западен Балкан во НАТО кое Бугарија го поддржува го намалува потенцијалот за конфликти во нашиот сложен регион, потенцира Радев.

Бугарскиот претседател вели дека е неопходно да се намалат тензиите меѓу НАТО и Русија, и да се воспостави целосен дијалог во врска со безбедносните прашања. Зацврстувањето на довербата, според Радев, ќе помогне да се надминат меѓусебните стравови кои постојат во овој момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот