Радев: Бугарија мора да има јасен став за Република Северна Македонија – во јануари седница на Советот за национална безбедност

Радев/Фото: Скриншот

Бугарскиот претседателот Румен Радев денеска изјави дека ќе продолжи да работи за одбрана на националните интереси и за благосостојбата на сите Бугари.

Тој рече дека ќе биде критичен кон новата влада, доколку биде потребно. Тој најави дека во првата половина на јануари ќе го свика Консултативен совет за национална безбедност за темата Република Северна Македонија.

-Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес“, изјави Радев по свеченоста на која Централната изборна комисија им ги врачи уверенијата нему и на Илијана Јотова, како на претседател и потпретседателка на Бугарија.

Тој нагласи дека Консултативниот совет ќе го свика во првата половина на јануари.

-Многу е важно да се разбере дека одбраната на правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во општествениот, политичкиот, културниот и економскиот живот на земјата е исклучително важно прашање кое повеќепати сум го кажал – прекин на говорот на омраза, создавање на сите тие предуслови за поголема поврзаност меѓу нашите земји – и културно, и инфраструктурно и економски – сето тоа се прашања за кои Бугарија мора да има јасен став и мора да биде јасно како побрзо ќе ги постигнеме овие цели“, рече шефот на бугарската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот