Рација во златарници во Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, запленети над десет кила нежигосано злато

Фото: илустрација

Во контроли извршени вчера во златарници Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, полицијата одзеде повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) вчера кај повеќе правни лица на подрачјето на , кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

Рацијата ја спровеле полицајци од Секторот за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, констатирале и непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

– При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато, соопштија денеска од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи биле констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот