Рачната бомба фрлена во Прилеп се изгаснала пред да експлодира – Слободен печат
Хроника

Рачната бомба фрлена во Прилеп се изгаснала пред да експлодира

Бомбата беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне.

Рачната бомба што беше пронајдена пред кафе-бар во центарот на Прилеп на 10 јули околу пладне, била „кашикара” и била активирана, но се изгаснала и не експлодираше, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство каде се води истражната постапка за случајот кој ги вознемири прилепчани.

Досега Обвинителството, кое веднаш даде налог да се направи крим-техничкото вештачење и да се прегледаат снимки, доби информации за типот на рачната бомба-кашикара, за нејзиното полнење,  која била активирана, но се изгаснала. Освен тоа, не се пронајдени ДНК – примероци од евентуалниот сторител, ниту папиларни траги, односно отпечатоци, освен оние од официјалните лица кога ја демотираа рачната бомба. Се прегледуваат снимките, но засега нема конкретни индиции за сторителот, информираат од прилепското Основно јавно обвинителство.

Рачната бомба крај летната бавча, под една столица, на кафе барот „Кафе ин” во центарот на Прилеп на 10 овој месец околу пладне ја забележал персоналот на кафе-барот, а сопственикот веднаш пријавил во полиција. Три часа се обезбедуваше теренот додека Единицата за антитероризам при МВР не ја демонтираше рачната бомба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close