Работното место почва за инфекции: Заразите како пинг-понг топка меѓу колегите

Во периодот на настинки, грипови и стомачни вируси, најлесно можете да ги „закачите“ од вашиот колега, компјутер или биро.

Најголемиот број заразни болести се пренесуваат преку контакт и по респираторен пат, па затоа затворениот простор во кој престојуваат многу луѓе, како што е канцеларијата, претставува идеална средина за ширење на заразите. За да го сочувате своето здравје, освен јакнењето на имунитетот, неопходно е да водите сметка и за хигиенските навики, не само дома, туку и на работното место.

Јадете надвор од работното место

Основната мерка на заштита од зараза на работа е одржувањето на личната хигиена и хигиената на работното опкружување, напоменуваат лекарите.

Личната хигиена, на прво место, подразбира хигиена на рацете, кои треба темелно да се мијат со топла вода и сапун повеќепати во текот на работното време, во зависност од работата што ја извршувате. Секако, тоа треба задолжително да го правите по употребата на тоалетот и пред јадење.

Лекарите препорачуваат храната да се јаде надвор од работниот простор, кој често може да биде легло на бактерии.

Не би требало да јадете во текот на работењето врз компјутерот, при телефонирањето и сличните активности. Оддалечете со од вашата работна маса и довршете го оброкот, а најдобро би било тоа да го направите надвор од канцеларијата.

Овие докази покажале дека предметите од работното опкружување, како што се мобилниот телефон, тастатурата, пенкалата и компјутерското глувче, можат да бидат преносители на микроби, при што е утврдено дека микроорганизмите не заобиколиле ниту еден од тестираните телефони.
Алармантен е и податокот дека еден канцелариски компјутер може да има и петпати повеќе бактерии, отколку штицата на тоалетната школка. Овој податок не треба да ве чуди, со оглед на фактот дека ретко кој вработен има навика одвреме-навреме да ги чисти тастатурата или глувчето, а ова дополнително се влошува, затоа што голем број луѓе имаат навика да јадат над тастатурата.
Уште еден предмет што претставува идеален преносител на заразни бактерии е пенкалото. Често несвесно врвот од пенкалото го ставаме во уста па така ги поставуваме микроорганизмите на пластична подлога, каде што можат да преживеат со денови.

Предметите подалеку од устата

Заборавете на грицкањето на моливите и пенкалата и избегнувајте каков било контакт на рацете со слузокожата на устата, носот или окото додека сте на работното место, советуваат лекарите.

Во канцеларијата во која престојуваат голем број луѓе, треба да се води сметка за почесто проветрување на просторот, во склад со временските и температурните околности. Најмалку еднаш неделно треба со соодветно дезинфекциско средство за површини да се избришат сите предмети што често се допираат, особено ако некој колега со кој го делите работното биро е  болен.

Доколку се придржувате кон наведените совети, ќе си помогнете, односно ќе ја намалите можноста за заболување на работното место. Меѓутоа, ако сепак искусите симптоми какви што се треска, студ, главоболка, течење на носот, температура или тешкотии во гастроинтестиналниот тракт (пролив, повраќање, грчеви во стомакот), најдобро е да останете дома.

Ако неодложните работни обврски не ви дозволуваат да се посветите на домашно лекување, избегнувајте го престојот со колегите во иста просторија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот