Работно лето за Леброн, ќе врбува ѕвезди за ЛА Лејкерс

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Лос Анџелес лејкерс седма година по ред не играше во плејофот на НБА лигата, иако сезонава во тимот беше и најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс. За да не се случи и идната сезона ЛА Лејкерс да изостане од битката за титулата, Џејмс планира активно да се вклучи во врбувањето на ѕвезди.

Според „ЕСПН“, Џејмс веќе ги контактирал Џими Батлер од Филаделфија и ѕвездата на Торонто, Каваи Ленард. Договорено е веднаш по завршувањето на сезоната, Леброн Џејмс да има вечера со двете големи НБА ѕвезди и ќе се обиде да ги убеди да потпишат со ЛА Лејкерс.

Каваи Ленард во регуларниот дел од сезоната имаше просечни 26.6 поени, 7.3 скокови и 3.3 асистенции по натпревар, а е на добар пат да игра во големото НБА финале. Имено, неговиот Торонто репторс води со 3:2 во победи против Милвоки во финалето на Источната конфереција.

Џими Батлер веќе е на одмор откако Филаделфија беше елиминирана од Торонто во плејофот. Батлер постигнуваше просечно по 18.7 поени, 5.3 скокови и 4 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот