Работникот од Кавадарци пријавен за исчезнат е пронајден мртов

Канал/Фото: МИА

Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница”, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат.

-Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница” и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања. По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета. Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани.

Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот