Работник во Бакингемската палата заразен со коронавирус: Кралицата се пресели со принцот Филип во Виндзор!

Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти Банкингем палатата пред неколку дена за да не се зарази со коронавирусот. Пред кралицата да замине во Виндзор, вравотените во палатата се тестирале за коронавирус. Како што пишува Mirror, еден од нив е позитивен на COVID19.

„Работникот дозна дека е позитивен пред кралицата да замине во Виндзор. Палатата има 500 вработени членови, па како и било кое друго работно место, не е незамисливо дека некој ќе се зарази“, изјавил извор за кралското семејство.

Profimedia

Секој член од персоналот кој бил во контакт со заразениот, мора да иде во самоизолација. Сепак, не е познато дали кралицата била во контакт со него. Откако се прошири коронавирусот, кралицата избегнуваше ракување со луѓето и блиски контакти.

Кралицата во Виндзор се наоѓа со својот сопруг принцот Филип (98). Тие таму одат секоја година за Велигден, но овој пат одморот го започнаа порано.

„Филип и јас стигнавме во Виндзор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се премногу загрижени за здравјето. На сите ни е препорачано да го промениме своето вообичаено секојдневие и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме на останатите, на целата наша заедница, а особено на најчувствителните. Многумина од нас ќе треба да пронајдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството, но и да ги обезбедат од опасност. Убедена сум дека сме спремни на тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека јас и моето семејство сме спремни да ја одиграме нашата улога во овој свет“, стои на службениот инстаграм-профил на кралското семејство.Во наредниот период кралските должности ќе ги преземе нејзиниот внук, принцот Вилијам (37).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот