Работник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди

Работник (57) од скопско Стајковци се здобил со тешки телесни повреди, според неговото кажување, при извршување работни задачи во фирма на ул. „Перо Наков“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

-Во СВР Скопје вчера во девет часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Б.С.(57) од с.Стајковци, скопско, според чие кажување околу 08.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Перо Наков“, каде бил вработен, се лизнал и паднал. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во дневниот Билтен на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот