Работниците од прилепски „Еурокомпозит” се разочарани и најавуваат протести

Работниците од прилепски „Еурокомпозит” денеска во центарот на градот го искажаа, како што велат, своето разочарување што на Собранието не помина амандманот за да се одвојат средства за исплата на заостанатите придонеси од буџетот за 2021 година.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот при „Еурокомпозит” разочарувањето е големо и нерешавањето на нивната ситуација ги тера да протестираат.

– Крајно сме разочарани што не е прифатен од пратениците амандманот. Ние баравме, тоа е наше барање, а не од ВМРО-ДПМНЕ: те во наше име го поднесоа. Иако очекувавме од пратениците да нè поддржат, тоа не се случи и нема пак да се реши нашата тешка состојба. Ова нè принудува да преземеме поригорозни чекори и да протестираме пред владата, рече Богданоски.

Работниците од „Еурокомпозит”, сегашни вработени и прогласените технолошки вишок, најавуваат дека ќе ја тужат владата за неспроведување законско решение.

– Бараме соодветен адвокат и се подготвуваме да ја тужиме владата. Не ни преостанува ништо друго, вели Богданоски.

На вкупно околу 320 работници од прилепски „Еурокомпозит” не им се платени заостанати придонеси за 6,5 години во висина од околу2.800.000 евра. Работниците имаат неисплатени и заостанати плати и отпремнини за технолошки вишок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот