Работниците кои останале без работа во март и април да поднесат барање за паричен надоместок

Со мерките од третиот сет, наменети за заживување и опоравување, ги помагаме граѓаните, но и компаниите со цел побрзо опоравување и обновување на економската активност која ќе резултира со реотворање на работни места, порачува министерката за финансии.

На сите лица на кои во периодот од 11 март до 30 април им истекол договорот за работа, добиле отказ или склучиле спогодбено прекинување на работниот однос ќе им следува двомесечен паричен надоместок, но за да го остварат ова право ќе треба да аплицираат во Агенцијата за вработување. Пријавувањето ќе трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска во објава на својот профил на Фејсбук.

-Финансиска поддршка за граѓаните кои го изгубиле работното место како резултат на Ковид-19 кризата, со цел полесно да го премостат овој период. При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност, напиша Ангеловска.

Со мерките од третиот сет, наменети за заживување и опоравување, ги помагаме граѓаните, но и компаниите со цел побрзо опоравување и обновување на економската активност која ќе резултира со реотворање на работни места, порачува министерката за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот