Работници за малку не изгореле живи, ги спасила интервенција на пожарникарите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На 19.11.2020 во 09.19 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во механичарска работилница за поправка на вагони сопственост на „Железници на Република Северна Македонија“ во населеното место Трубарево, при што работилницата била целосно опожарена.

Пожарот бил локализиран, а во пожарот тројца вработени биле повредени. Притоа, Н.Г.(53) од с.Јурумлери се здобил со тешки телесни повреди, Р.Л.(62) и В.Т.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот