Работници во заштитна облека ги собираат молитвите пикнати во Ѕидот на плачот во Ерусалим

ФОТО: ЕРА

Недалеку од Ѕидот на плачот дезинфицирана е и џамијата Ал-Акса.

Два пати годишно членови на тимот за чистење со долги стапови ги вадат десетиците илјади пишувани молитви кои посетителите традиционално ги оставаат во пукнатините на Ѕидот на плачот во Ерусалим.

Во вторникот повторно на ред дојде пролетното чистење. Но овој пат е спроведено со зајакнати мерки на претпазливост поради пандемијата на коронавирусот.

Работниците во заштитна облека и плински маски ги прскаа старите камења од Ѕидот со дезинфициенс, додека други носејќи ракавици, со стапови ги извлекуваа хартиените пораки оставени во тоа „Божјо сандаче“.

Полицијата оддалечи еден верник кој му пријде на Ѕидот и го бакна, ден откако Израел ги заостри ограничувањата за молитви во јавност.

Рабинот на Ѕидот на плачот, Шмуел Рабиновиц, кој води грижа за тие молитви и внимава секогаш да има место за уште, извлече молитва за спас од „тој неугоден вирус кој јо нападна светот“.

Ливчињата со молитви се ставаат во вреќи за ритуален погреб во Маслиновата гора.

Недалеку од Ѕидот на плачот дезинфицирана е и џамијата Ал-Акса.

Ѕидто на плачот е остаток од комплексот на Вториот храм кој е уништен 70 година од новата ера. Над него се наоѓа Ридот на храмот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот