Работници во авто-перална му уништиле 300.000 евра вредното Ферари на фудбалер

Неверојатни сцени во Италија.

Голманот на италијанската репрезентација и на Џенова, Федерико Маркети збесна кога вработен во авто-перална му го врати скапоцениот „Ferari 812 Superfast“ вреди дури 335.000 евра.

Маркети го остави своето возило во перална и замина на тренинг, а кога вработениот тргна да го врати автомобилот малку се „занесе“ и удри Ферарито.

Се чини дека работникот не знаел како да се носи со моќниот автомобил кој од 0 до 10 километри на час забрзува за само 2.9 секудни, па предизвика сообраќајна несреќа. Автомобилот удри во заштитна ограда и целосно е уништен предниот дел од Ферарито, а покрај тоа се оштетени уште пет автомобили.

Иако Маркети збесна кога виде што му се случило на неговиот автомобил, на крајот се смири и му прости на работникот.
– Навистина ми е жал за тоа што се случи, но му благодарам на Бог што нема ниту еден повреден и тоа е најважно. Прочитав многу лоши работи, ајде да заборавиме на се и се надевам дека повеќе нема да мораме да читаме за ова – порача Маркети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот