Работници брутално злоставуваат животни на една од најголемите фарми за млеко во Америка (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Корпорацијата „Кока-Кола“ морала да ја прекине соработката со една голема американска фарма која ги снабдувала со млеко нивните фабрики.

Причината е видео снимка која ја шокирала јавноста, а на која се прикажува многу грубо однесување кон животните од страна на тамошнитеработници во една од најголемите фарми за производство на млеко во Америка.

Во Америка оваа вест била оценета како „најголемата тајна истрага во млечната индустрија“.

Станува збор за една од најголемите фарми за млеко во Америка, која ги снабдува најголемите компании со овој производ.

На снимката, која е означена како вознемирувачка, се гледа како фармерите, меѓу другото, им ги шутираат главите и ги газат животните стари само неколку недели.

Потоа ги ставаат во кафези, па тешко повредените животни ги оставаат така да починат лежејќи на сонцето.

Работниците на фармата дури одгледувале и пушеле марихуана на работно место и тоа секојдневно, а на својот таен тим му ниделе и кокаин за време на работата.

Шокантната снимка е објавена на социјалните мрежи и предизвика многу негативни коментари, од кои најмногу се однесувале на згрозување од третманот кон младите животни и грубиот пристап на работниците на фармата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот