Работниците од општина Звечан и денеска се собираат барајќи враќање на работните места

Работниците на општина Звечан утрово се собраа пред зградата на таа институција за да побараат враќање на работните места.
Во моментов ги има околу стотина, а доаѓаат уште повеќе.

Припадниците на полскиот контингент на КФОР поставија ограда на педесетина метри од општината и формираа кордон.

Тие исто како и вчера се опремени со штитови и опрема за разбивање демонстрации, а зад војниците на КФОР стојат специјалните сили на косовската полиција со неколку оклопни возила.

Состојбата во Звечана засега е мирна, децата и утринава не се на училиште, а утрово се отворени неколку продавници со основни прехранбени производи.

Силите на КФОР вчера разбија собир на граѓани кои беа собрани пред општина Звечан и мирно протестираа. Беа употребени солзавец и шок бомби.

Повеќе од 50 граѓани дошле во КБЦ Косовска Митровица со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот