Работници пријавиле во ССМ дека странски работодавачи ги принудуваат да се вакцинираат

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Неколкумина работници од компании со странски капитал од земјава се пожалиле до Сојузот на синдикати дека работодавачите им ги условуваат работните односи со примање вакцина против коронавирусот, пишува весникот Вечер.

Тројца работници пријавиле во ССМ дека работодавците им се закануваат со отказ, присилувајќи ги да се вакцинираат.

Досега до ССМ се пристигнати пријави и барања од работници од три компании кои се со странски капитал, а каде што имало обид од страна на работодавачот со закани и присила да се натераат работниците да се вакцинираат, на што навремено е интервенирано од страна на ССМ, поради тоа што личната определба на работниците за вакцинација треба и мора да биде резултат на нивната информираност, а ние како ССМ тоа и го правиме во изминатиот период, велат од најголемиот синдикален сојуз.

Оттаму додаваат дека по нивната интервенција, работодавците престанале да ги условуваат работниците.

Од друга страна, во ССМ стигнале и пријави за работодавци кои не ги пуштаат вработените да се вакцинираат, иако имаат закажан термин.
ССМ побара денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но не доби позитивен одговор од работодавачите.

Минатиот месец, Сојузот на синдикати излезе со став дека не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваа да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација“, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија.

Видео на денот