Работници ја блокирале капијата на ЈП „Дрисла“, разбрале дека 30 луѓе ќе останат без работа

Дрисла / Фото: МИА

После немилите случувања во јавните претпријатија „Комунална хигиена“, каде на повеќе од стотина работници не им беа продолжени договорите за работа и во „Водовод и канализација“, каде вработените се пред штрајк, незадоволството се прелева и во јавната градска депонија.

Вработени во ЈП „Дрисла“ попладнево ја блокирале главната капија на претпријатието, во знак на револт затоа што, како што дознале, 30 општи работници ќе останат без работа.

„Дрисла“ е блокирана од работниците, сакаат да отпуштат 30 работници, т.е. да не им ги продолжат договорите. Само што ми јавија дека ја блокирале капијата на „Дрисла“ – вели за „Слободен печат“, првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Ова е уште едно од низата отпуштања во претпријатијата во надлежност на Град Скопје и уште едно каде во последниов период се случуваат протести на незадоволните вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот