Работнички се сели во СЦ Борис Трајковски

Екипата на Работнички, по одлуката на МКФ да ја суспендира салата во „Градски парк“ натпреварите во Суперлигата како домаќин да ги игра во „ВИП арената“ во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски. Работнички натпреварите во Суперлигата ќе ги започне в четврток во новата сала каде ќе го пречека тимот на Кожув.

– Ја известуваме јавноста, нашите симпатизери и навивачи, поради одлуката на Управниот одбор на МКФ во која се најдовме како не исполнителна сала и не ги задоволуваме стандадите за одигрување на кошаркарски натпревари дека следново коло од Супер Лигата на кој гостин ни е КК Кожув, натпреварот ќе се одигра во спортскиот центар Вип Арена – Скопје.Натпреварот е закажан за четврток, 18. април, во 18 часот – стои во соопштението на КК Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот