Работнички прв му честита на Антиќ

фото: МКФ

Перо Антиќ е избран за нов претседател на МКФ, откако на Изборното собрание немаше противкандидат, Владимир Темелковски се откажа еден од пред изборот, додека сега веќе поранешниот претседател, Петар Наумоски, одлучи да не бара втор мандат.

Веднаш по изборот на Перо Антиќ за претседател на Македонската ошаркарска федерација, меѓу првите кои му честита за изборот е неговиот поранешен клуб, Работнички.

Соопштението на КК работнички ви го пренесуваме интегрално:

Почитувани,

КК Работнички му ја честита на Перо Антиќ функцијата претседател на Македонската Кошаркарска Федерација и му пожелува многу успех во извршување на своите задачи.

Како што претходно објавивме, ние како клуб силно веруваме во програмата што ја понуди Перо Антиќ и дека на чело со него, ќе добиеме сите, и клубовите, и репрезентацијата, и кошарката, воопшто. Неговите решенија ветуваат развој и издигнување на македонската кошарка на нивото кое го заслужува овој спорт. Освен прогресивните идеи кои ги има нашата спортска икона, уверени сме дека тој, како прв човек на македонската кошаркарска куќа ќе спроведе нормализирање на односите во клубската кошарка и позиционирање на репрезентативната кошарка во високите европски кошаркарски елити.

Со надеж за успешна соработка, уште еднаш го поздравуваме изборот на Перо Антиќ за претседател на КФМ и ја користиме оваа прилика да истакнеме дека сме особено горди што тој доаѓа од нашите редови, односно од школата на КК Работнички, а бидејќи ги минал сите фази во кошаркарското растење, цврсто сме убедени дека ќе даде максимален придонес за развој на младинските лиги и неговите кошаркарски успеси ќе бидат инспирација за многу млади да почнат да се дружат со баскетот.

Со почит,
КК РАБОТНИЧКИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот