Работнички пред нова суспензија од ФИБА, повторно не го исплаќа договореното

Најтрофејната кошаркарска екипа во Македонија се наоѓа пред суспензија за трансфери поради неисплатени долгови кон менаџерот Акос Вегвари.

Екипата на Работнички која кон почетокот на годинава беше под суспензија за трансфери, сега повторно се соочува со идентична казна откако арбитражниот суд на ФИБА (БАТ) пресуди контра македонскиот тим.

БАТ поточно пресуди во корист на менаџерот Акос Вегвари кој во 2017 година посредуваше при трансферот на американскиот кошаркар, Маркус Гинјард, а не бил исплатен од Работнички.

Најтофејниот кошаркарки тим во Македонија сега ќе мора да плати 6.350 долари кој е долг за провизијата на Вегвари како и камата од 5% и дополнителни пенали, исто така ќе мора да ги покрие и трошоците на адвокатите на Вегвари. Вкупната сума која треба Работнички да ја исплати изнесува 7.250 долари за Вегвари и дополнителни 3.080 евра за таксата кон арбтитражата на ФИБА и со уште 3.000 евра за покривање на трошоците на адвокатите на унгарскиот менаџер.

Пред две години Работнички иста така загуби судски спор, БАТ тогаш одлучи дека му должи 39.000 евра на Дарко Чохадаревиќ на име неисплатени плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот