Работнички подобар во градското дерби против МЗТ

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Чавдар Костов доминираше за Работнички забележувајќи дабл-дабл учинок од 24 поени и 12 скокови. Зад него беше капитенот Димитар Мираковски со 17 поени и пет скокови.

За популарните „штркови“ 18 поени и осум скокови беа дело на Иве Иванов, по 13 поени имаа Предраг Самарџиски (15 скокови) и Марко Симоновски.

МЗТ со осум победи и два порази во Супер лигата ја освои првата позиција на табелата со 55 бодови, вклучувајќи ги и оние од Првата лига.

Денеска беа одиграни уште две средби, Гостивар славеше кај Кожув (86:89), а Блокотехна беше убедлива над Куманово со резултат 78:55.

Фото: mkf.mk

Потсетување дека МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар и Работнички – Блокотехна се двојките кои почнувајќи од недела ќе ја започнат битката во прволигашкиот плејоф.

Сите ќе се надигруваат во полуфиналните дуели по систем подобар од пет натпревари (прв до три победи), а потоа поуспешните два клуба ќе ја продолжат битката во финалето од плејофот.

Натпреварите е предвидено да се одигруваат во деновите вторник-петок-недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот