Работнички од „минус 21“ до убедлива победа, и ТФТ продолжува без грешка

Игор Михајловски е наследникот на Тони Симиќ кој досега го водеше Работнички/Фото: kfsm.mk

Играчите на Ангели имаа одлични 15 минути под „Кале“ – Скопје, но не го задржаа големото водство, односно фаворитот Работнички славеше убедлива победа (86:69) во третото коло од Првата лига.

По израмнетните 10 минути малку кој очекуваше дека дебитантот во друштвото на најдобрите КК Ангели ќе има таква фенонемална втора четвртина, во која стигна до изненадувачки „плус 21“ кош разлика (42:21).

Кога видоа дека нема шега со Ангели, домашните кошаркари притиснаа уште повеќе по паузата. И до крајот на третата делница домаќините успеаја во целост да го анулираат двоцифреното водство на гостите од Кисела Вода. А по двете реализирани слободни фрлања на Мустафица, Работнички премина во мининално водство (55:53). Само четири поени постигнаа Ангели во тој дел од играта, домаќинот дури 17!

Во следниот налет „црвено-белите“ направија серија од 16:7, стигнаа до двоцифрена предност (71:60), која не ја испуштија до крајот на средбата.

Кај стрелците во Работнички 21 поен (шест асистенции) имаше Емерсон, додека на спротивната страна Мандерсон реализираше 22 поени (четири скокови).

На останатите денешни дуели: МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар 67:92, Кожув – ФМП Академија Навико 69:76 и Куманово – ТФТ 68:85.

Како и Работнички, така и ТФТ останува единствениот без пораз досега сезонава, во победата над Куманово најефикасен беше Хортон со 20 поени (10 скокови), а кај поразените истиот учинок го имаше и Глигоријевиќ со еден скок помалку.

Во некомплетната рунда моментно на табелата водат ТФТ и Работнички со по шест бодови, Гостивар има пет, по четири Пелистер, МЗТ Скопје Уни Банка, ФМП Академија Навико и Куманово, по три МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Еуро Никел, Кожув и Ангели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот