Работнички не запира со засилувањата, Тантуровски нов романтичар

фото: ФК Работнички

Екипата на Работнички доведе уште едно засилување во летниот преоден рок. По Бојан Илиевски и Анес Османоски, третото ново име во составот за следната сезона е Дејан Тантуровски. Офанзивецот кој минатата сезона настапуваше за Силекс ја прифати понудата на Работнички.

„Тантуровски е квалитетен прволигашки играч со драгоцено искуство и мислам дека сериозно ќе го подигне квалитетот на нашиот тим. Се обидуваме да го засилиме ростерот во сите линии на тимот и сигурно во Работнички ќе има уште неколку засилувања во овој летен преоден рок – изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Утре од 18 часот, тренерот Александар Влахо ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите и ќе биде означен стартот на летните подготовки на ФК Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот