Работнички не губи во Скопје

Актуелниот шампион Работнички брзо се созеде од убедливиот пораз во вториот натпревар со Блокотехна. Работнички пред своите навивачи триумфира со 91:73 и поведе со 2:1 во серијата кој прв до три победи.

За разлика од вториот натпревар, овој пат избраниците на Марин Докузовски одиграа далеку подобро, како во одбраната така и во нападот.
Желбата за одмазда го диктираше ритамот на кошаркарите на Работнички, па уште во првото полувреме успеаја да создадат двоцифрена предност со која и се замина на одмор (51:41).

Фуриозниот старт на Работнички му донесе предност и од 16 поени, и наместо да се зададе конечниот удар, извраниците на Докузовски застанаа и ѝ дозволија на Блокотехна да се врати во игра (65:60).

Шок терапијата со тајм аутот на Докузовски вроди со плод, кошаркарите на Работнички заиграа во поагресивно, беа доминантни на двата краја од теренот и сосема заслужено победија со 91:73.

Најдобар во тимот на Работнички беше Чавдар Костов 19 поени и 12 скокови, додека Бобан Стајиќ и Ѓорѓи Чековски постигнаа по 18 поени. Во редовите на Блокотехна, најрасположен за игра беше Брендон Пен со 23 поени.

Наредниот четврти натпревар се игра во недела во Гевгелија, триумф на Работнички го носи во финалето, додека победа на Блокотехна ќе значи мајсторка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот