Работнички не ги исполни целите за минатата сезона, следува реорганизација на клубот

Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на Општина Центар

Челниците на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички, ги сумираа резутатите од штотуку завршената сезона во која екипата не освои ниту еден трофеј.

– Како сопственик на Работнички сакам да дадам свое видување на завршената сезона, во коај, за жал, не ги постигнавме очекуваните резултати на спортски план. Како раководство, пред сѐ од директорот и членовите на УО, ги обезбедивме максималните услови за функцинирање, најмногу во делот на исплатата на платите, што е беспрекорно во последните две години. Задоволен сум од поддршката од советот на општината и спонзорите, како и од луѓето кои се вклучени во менаџирање на целиот процес поврзан со кошаркарскиот колектив. За жал, годинава не го остваривме тоа што го посакувавме да бидеме први и да го освоиме Купот, а имавме и слаб резултат во АБА2 – вели првиот човек на Работнички, а воедно и градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Според Богдановиќ, време е за реорганизација на Работнички за клубот да се врати на старите патеки кога доминираше во македонската кошарка.
– Како раководство максимално се потрудивме играчите да бидат исплатени во последните две години нешто што не се случило во последните 20 години. За жал не успеавме да го оствариме посакуваниот резултат оваа сезона во домашното првенство, купот и АБА 2. Затоа ќе почнеме со реорганизација во сите сфери од прв тим до младински категории. Единствено нешто што бараме со луѓето со кои ќе разговараме следниот период е да бидат целосно посветени. Од следната сезона имаме најави за сериозни спонзори, но без целосна посветеност секој напор ќе биде џабе. Разговараме со играчи и тренери и веќе од следната сезона ќе гледаме да направиме млад тим за враќање на клубот таму каде што припаѓа. Едно од ветувањата беше изградба на спортска сала и ние како раководство сме подготвени за тоа и можеме да дадеме половина од средствата. Постои еден проблем, а тоа е што земјиштето до салата е предвидено изградба на катна гаража, но веќе почнавме со процес за преземање на земјиштето. Доколку не беше тој проблем досега ќе имавме барем започнато со иградба, но се надевам дека набргу ќе го решиме спорот и ќе изградиме сала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот